ВРЗ МОИТЕ ПЛЕЌИ СЕ ИГРААТ ВАЛКАНИ ПОЛИТИЧКИ ИГРИ, КАЖА БОКИ 13 ВО ВОВЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА „РЕКЕТ“

    ВРЗ МОИТЕ ПЛЕЌИ СЕ ИГРААТ ВАЛКАНИ ПОЛИТИЧКИ ИГРИ, КАЖА БОКИ 13 ВО ВОВЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА „РЕКЕТ“Бојан Јовановски-Боки 13 се изјасни за невин. Обвинет е за перење пари и за примање награда за противзаконито влијание. (Фото: К. Попов)

    Одбраната на првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека запленетата гардероба на неговиот клиент е купена многу порано од периодот на кој се однесува обвинението и таа не е никаков доказ негова вина, во воведните зборови на судењето.

    „71 вреќа со гардероба му е одземена. И обвинителката Русковска сака да каже дека Јовановски ја купил баш од ноември 2018 до април 2019 година, за кој период се однесува обвинението. Најголем дел од гардеробата му е купен во 2013 година. И каква е таа врска, бил невработен и имал блокирана сметка, со негова вина, и е доказ дека зел пари и ги испрал?“, праша адвокатот на Боки 13 во воведниот збор.

    „Преку овој предмет се водат валкани политички игри кои паѓаат врз овие мои плеќи“, додаде Јовановски и го обвини Обвинителството дека му го сатанизирало името, го довело до линч и поради тоа набргу згаснал неговиот медиум „1ТВ“.

    Тој се изјасни за невин. Обвинет е за перење пари и за примање награда за противзаконито влијание.

    Тој рече дека колку што седел во ресторан со Јанева, толку седел и со Русковска.
    „Колку што сум седел во ресторан со третообвинетата, толку сум седел и со надлежната сега обвинителка. Разлика нема“, изјави Боки 13.

    Јанева, која е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувања рече: „Ни трошка не се чувствувам виновна“, третообвинетиот Милевски кажа дека е виновен и дека доброволно го дава признанието.

    Се очекува истиот судечки состав на Милевски да му изрече пресуда веднаш.

    Боки 13 е обвинет за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Јанева е обвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а Милевски за „Примање награда за противзаконито влијание“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира