ВТОРА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТ ДАРИТЕЛ, ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА НА ЕУРОТРАНСПЛАНТ ЌЕ Ѝ НАЈАВИ ДА СМЕТА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОНОРИ ОД МАКЕДОНИЈА

    ВТОРА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТ ДАРИТЕЛ, ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА НА ЕУРОТРАНСПЛАНТ ЌЕ Ѝ НАЈАВИ ДА СМЕТА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОНОРИ ОД МАКЕДОНИЈАОва значи дека системот за кадаверична трансплантација или трансплантација од донор со мозочна смрт веќе почнува да функционира и веќе од следната недела на меѓународната мрежа Еуротрансплант ќе им понудиме да сметаат на нас како на потенцијални донори, за да може да очекуваме и кај нив кога ќе има органи за наши пациенти да ги добиеме“, вели министерот за здравство Венко Филипче, кој денес ги посети пациентите кои добија нови бубрези (Фото: Министерство за здравство)

    Пред три дена, тимот за трансплантација од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега – КАРИЛ, Клиниката за урологија, Клиниката за нефрологија и Институтот за трансфузиологија успешно направиле пресадување на бубрези од починат донор. Од Министерството за здравство велат дека ова е втора успешна трансплантација по пауза од скоро три години, и дека тоа е голем успех за лекарите кои работат во тимот за трансплантација, бидејќи во рок од два месеци се направени два вакви зафати.

    „Органите ги добија двајца млади пациенти, од кои на едниот му е прва трансплантација, а на другиот втора. Ова значи дека системот за кадаверична трансплантација или трансплантација од донор со мозочна смрт веќе почнува да функционира и веќе од следната недела на меѓународната мрежа Еуротрансплант ќе ги контактираме да им понудиме да сметаат на нас како на потенцијални донори, за да може да очекуваме и кај нив кога ќе има органи за наши пациенти да ги добиеме“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

    Од Министерството за здравство велат дека пациентите што ги добиле бубрезите се во добра состојба и дека сѐ уште се на одделението за интензивна нега на КАРИЛ.

    „Од тимот за трансплантација ме информираа дека и комуникацијата со семејството на донорот била многу полесна и веројатно на тоа влијае што луѓето сега се повеќе информирани за дарителството“, вели Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира