ЗА 7,4 ПРОЦЕНТИ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА, СООПШТИ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

    ЗА 7,4 ПРОЦЕНТИ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА, СООПШТИ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈАОд Регулаторна велат дека зголемувањето на цената на струјата ќе било многу поголемо односно 17,74 проценти ако не беа воведени блок тарифите за потрошена струја. (Фото: СДК.МК)

    Цената на струјата од први јули ќе поскапи во просек за 7,4 проценти, соопшти претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски на денешната прес-конференција. Како што кажа Бислимоски, ова зголемување од 7,4 проценти ќе биде за 98,8 проценти од домаќинствата во земјава.

    Секое домаќинство ќе плаќа различна цена според блоковите. За 59,9 проценти од домаќинствата ќе има зголемување од 6,6 проценти, за 35,5 проценти од домаќинствата зголемувањето од 6,7-8,8 проценти, за 3,4 проценти поскапувањето ќе биде од 8,8-11,2 проценти, за 1,2 проценти зголемување од 11,4 проценти, а за оние кои се екстремни потрошувачи поскапувањето ќе биде 99 проценти“, рече Бислимоски.

    Тој кажа дека зголемувањето на цената на струјата ќе било многу поголемо односно 17,74 проценти ако не беа воведени блок тарифите за потрошена струја.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира