ЗА ДВА ДЕНА ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД 1.500 ЛИЦА ОД РИЗИЧНИТЕ ГРУПИ, ДОСЕГА Е ИМУНИЗИРАНО САМО 41 ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТО

    ЗА ДВА ДЕНА ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД 1.500 ЛИЦА ОД РИЗИЧНИТЕ ГРУПИ, ДОСЕГА Е ИМУНИЗИРАНО САМО 41 ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТОТоа се лица над 65 години, како и помлади со коморбидитети, кои уште не беа заштитени со соодветна доза вакцина против коронавирусот. (Фото: СДК.МК)

    За два дена, во рамките на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на ковид-19, вакцинирани се над 1.500 лица, дел до прва, а дел со трета доза, сооп Министерството за здравство. Тоа се лица над 65 години, како и помлади со коморбидитети, кои уште не беа заштитени со соодветна доза вакцина против коронавирусот. Кампањата продолжува и следните денови, така што граѓаните преку СМС порака се известуваат за точно определент термин и пункт за вакцинација закажани преку „Мој термин“.

    Здравствените власти апелираат да се почитуваат закажаните термини и секој да се имунизира заради заштита на своето здравје. Нагласуваат дека сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на ковид-19.

    Широката капања за имунизација на населението беше најавена минатата недела од Комисијата за заразни болести, кога беше истакнато дека недоволен е опфатот на вакцинирано население за поголемо олбавување на рестриктивните мерки. Во земјава вакцинирани се само 41 процент од населението.

    „По пресметките од ‘Мој термин’, 260.000 граѓани спаѓаат во таа високоризична група, од нив 130.000, односно половината не се целосно вакцинирани, а останатиот дел немаат примено бустер доза. Вакцинацијата треба да биде основа за понатамошно релаксирање на мерките“, рече минатата недела д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

    Кампањата за имунизација се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство.

    Од Министерството за здравство посочуваат дека постарите лица имаат поголема веројатност да се разболат со тешка форма на ковид-19. Повеќе од 80% од смртните случаи од оваа заразна болест настануваат кај луѓе постари од 65 години. Бројот на смртни случаи кај нив е над 90 пати поголем од бројот на смртни случаи кај лицата на возраст од 18-29 години. Под тешки форми на болеста се подразбираат хоспитализација, прием на интензивна нега, потреба од механичка вентилација или смрт.
    Ризикот од тешка форма на ковид-19 се зголемува како што се зголемува бројот на медицинските состојби кај пациентот.
    Меѓу болестите со висок ризик се ракот, хронична бубрежна болест, хронични болести на белите дробови, црниот дроб, деменција, ХИВ, срцеви болести, дијабетес, Даунов синдром и други.

    Од Министерството велат дека и ослабениот имунолошки систем може да направи поголема веројатност за сериозно заболување од ковид-19.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира