ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ 600 ПРИВАТНИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ 600 ПРИВАТНИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАМинистерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно; - Од штрајкот на приватните спцијализанти на 15 април. (Фото: Принтскрин од видео)

    Во јавните здравствени установи во државата ќе се вработат 600 приватни специјализанти, одлучи денеска Владата. Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно.

    „На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството“, соопшти владата.

    На 15 април, над 400 приватни специјализанти од скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ стапија во генерален штрајк, револтирани оти немаат пензиско и здравствено осигурување и бараа зголемување на месечниот надоместок, кој сега изнесува 26.000 денари, и тој да биде на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, како и решавање на нивниот статус на невработени лица. Кажаа дека тие дежураат по 24 часа, активно учествуваат во амбуланта и асистираат на операции, а сето тоа е наградено со ниска плата и немаат осигурување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира