ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ БРОЈОТ НА УМРЕНИ ОД КОВИД-19 СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 140 ОТСТО

    ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ БРОЈОТ НА УМРЕНИ ОД КОВИД-19 СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 140 ОТСТОРегистриран e 951 нов позитивен случај од 29 градови во државата, што е зголемување од 34,9% во однос на минатата недела. - Вработени во погребално претпријатие пред Инфективната клиника во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Изминатата недела (14.9-20.9) се регистрирани 48 смртни случаи од ковид-19 од 17 града во земјава, што е зголемување од 77,7 отсто во однос на минатата недела (7.9-13.9), кога починале 27 лица, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Споредено со претходната недела (31.8-6.9), кога починале 20 лица зголемувањето е 140 отсто.

    Во однос на возраста кај починатите изминатата недела, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50-59, 4 од 40-49 години, 3 од 20-29 и еден случај од 30-39 години. Од починатите, 42 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.

    Според извештаите од државните и приватните болници кои пристигнале до ИЈЗ, моментално се хоспитализирани 326 лица, а од нив 84 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

    Изминатата недела се регистрирани вкупно 9.661 материјали, што е зголемување од 15.7% во однос на минатата недела. Регистриран e 951 нов позитивен случај од 29 градови во државата, што е зголемување од 34,9% во однос на минатата недела.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира