ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ОД УСТАВНИОТ СУД СИ ЗАМИНУВААТ ЕЛЕНА ГОШЕВА, САЛИ МУРАТИ И НИКОЛА ИВАНОВСКИ, А СОБРАНИЕТО АБЕР НЕМА ОД СЕДНИЦА ЗА ИЗБОР НА НОВИ СУДИИ

    ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ОД УСТАВНИОТ СУД СИ ЗАМИНУВААТ ЕЛЕНА ГОШЕВА, САЛИ МУРАТИ И НИКОЛА ИВАНОВСКИ, А СОБРАНИЕТО АБЕР НЕМА ОД СЕДНИЦА ЗА ИЗБОР НА НОВИ СУДИИАко го остави Собранието Уставниот суд со само 6 судии, нема да може да работи (Фото:СДК.МК)

    Уставниот суд на први јуни останува без третина судии. Деветгодишниот мандат како уставни судии им истекува на поранешните претседатели Елена Гошева и Никола Ивановски. На истиот датум мандатот како уставен судија и како претседател на Уставниот суд, му истекува и на Сали Мурати.

    Сите овие места што ќе се испразнат, беа на предлог на Собранието. Сега повторно Собранието ќе треба да изгласа нови тројца уставни судии. Има комоција уште само две недели, а Комисијата за избори и именувања, според членовите со кои се брифираше САКАМДАКАЖАМ.МК, абер нема од закажување седница за оваа точка.

    Ако го остави Собранието Уставниот суд со само 6 судии, нема да може да работи. Собранието ги избира судиите на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.

    На местото на претседателот Мурати, повторно треба да биде избран судија од редовите на заедниците. Тој е првиот Турчин од Македонија кој бил избран за судија во Уставниот суд.

    Во декември, пак, 9-годишниот мандат му истекува и на уставниот судија Јован Јосифовски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира