ЗА ИЗБОРЕН КРИМИНАЛ СЕ ОДИ В ЗАТВОР, ВО ОБВИНИТЕЛСТВО ПРИЈАВЕТЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ СО ИЗБОРИТЕ

    ЗА ИЗБОРЕН КРИМИНАЛ СЕ ОДИ В ЗАТВОР, ВО ОБВИНИТЕЛСТВО ПРИЈАВЕТЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ СО ИЗБОРИТЕОбвинителството ги охрабрува граѓаните да пријават криминални активности поврзани со изборниот процес - од првиот изборен круг на 15 октомври (Фото: Ѓ. Личовски)

    Јавното обвинителство пред одржувањето на вториот круг од локалните избори ги повика граѓаните и политичките партии да се воздржат од правење кривични поврзани со изборите и ги предупреди на последиците

    Истовремено граѓаните се охрабруваат да пријават сомнителни нерегуларности. Ако граѓаните приметат дека граѓанските организации, лидерите и членовите на политичките партии како и поединци прават кривични дела поврзани со изборите се охрабруваат да пријават  на е-пошта: [email protected] во Привремена комисија за следење на изборните неправилности при Јавното обвинителство.

    Привремена комисија за следење на изборните неправилности при Јавното обвинителство ги наведува кривичните за кои може да се одговара:

    1. Поткуп при избори и гласање за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години. Обвинителството укажува дека дури и кога користа е од помала вредност, сторителот согласно законот ќе се казни со парична казна или со казна затвор до една година.
    2. Повреда на тајноста на гласањето за кое е предвидена казна затвор од најмалку три години. Доколку делото е сторено од страна на член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, предвидената казна затвор е најмалку 5 години. Ова се однесува и на лице кое со употреба на сила, сериозна закана, искористување на службената, работната или економската зависност и на друг начин, ќе издејствува од друг да каже дали и како гласал.
    3. Неовластеното прислушување и тонско снимање се казнува со казна затвор од една до пет години и тоа за лице кое со употреба на посебни уреди неовластено прислушкува или тонски снима разговор или изјава што не му е наменета, лице кое ќе овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана, како и лице кое ќе сними изјава која му е наменета, без знаење на оној кој ја дава, со намера да ја злоупотреби или да ја пренесе врз трети лица или тој што таквата изјава непосредно ја пренесува врз трети лица.

    Изборни нерегуларности може да се пријават и на следниве броеви:

    Државна изборна комисија (ДИК)

    Тел: 0800 555 44

    Е-пошта:[email protected]

    Привремена комисија за следење на изборните неправилности при Јавното обвинителство

    Е-пошта: [email protected]

    МОСТ

    Тел: Бесплатна линија 080 080 080

    Интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk

    Народен правобранител

    Скопје: 02 3129-327 и 3129-367

    Битола: 047 242-310

    Кичево: 045 228-586

    Куманово: 031 431-488

    Струмица: 034 329-996

    Тетово: 044 344-082

    Штип: 032 389-701

    Хелсиншки комитет

    Тел: 02-3119-073

    е-пошта: [email protected]

    Мисија на ОБСЕ/ОДИХР Скопје

    Тел: +389 2 323 4000

    Е-пошта: [email protected]

    Цивил

    Тел: 02 5209- 176; 071 608-523; 078 745-138

    Е-пошта: [email protected]

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира