ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО ДРЖАВНИТЕ БОЛНИЦИ, СТРАНЦИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ КАКО И МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ КОИ НЕ СЕ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРЕНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО ДРЖАВНИТЕ БОЛНИЦИ, СТРАНЦИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ КАКО И МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ КОИ НЕ СЕ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРЕНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОДоставен е допис до сите универзитетски клиники и институти за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на Македонија кои се неосигурани и плаќаат приватно. (Фото: К. Попов)

    Нема изедначување на цените во јавното здравство помеѓу странските државјани и државјаните на Македонија, туку изедначувањето е со приватните пациенти кои не се здравствено осигурени, односно кои не плаќаат здравствено осигурување, велат од Министерството за здравство. Министерството денеска преку сооопштение ја објасни вчерашната изјава на министерот Фатмир Меџити, која на прес-конференцијата ја кажа само на албански јазик, а ја пренесе ТВ21, дека граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат во Северна Македонија по исти цени како македонските граѓани.

    Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, од Министерството велат дека дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на Македонија кои се неосигурани и плаќаат приватно.

    Потенцираат, дека воопшто не станува збор за изедначување на цените.

    „Оттука, за овие промени не се потребни никакви промени во законот, бидејќи дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници односно еден ценовник за приватни здравствени услуги. Со оваа промена на странските државјани се дава право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што се промовира јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава конкурентна на пазарот на трудот. Иста е цената. Македонските државјани кои што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците, бидејќи се работи за приватна услуга. Ова и порано функционирало во некои државни клиники, а сега со ова се продолжува иницијативата и за во другите клиники“, вели Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира