ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“ ЌЕ ПОСТАПАМ СПОРЕД УСТАВОТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ КОСТОВСКИ

    ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“ ЌЕ ПОСТАПАМ СПОРЕД УСТАВОТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ КОСТОВСКИДиректорот на „Службен весник“ Мартин Костовски со министерката за образование Рената Дескоска на денешната промоција на специјалното издание на Уставот изработен со Брајова азбука. (Фото: Фејсбук/Службен весник)

    Законот за употреба на јазиците сè уште не е пристигнат во „Службен весник“, изјави денеска директорот на ЈП „Службен весник“ Мартин Костовски.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери сè уште го нема пратено во „Службен Весник“ Законот за употреба на јазиците.

    „Сè уште не е пристигнат законот. ‘Службен весник’ како одговорна институција ќе постапи согласно Уставот и законите што се однесуваат на објавување на сите прописи“, изјави директорот Мартин Костовски, по промоцијата на специјалното издание на Уставот изработен со Брајова азбука.

    На прашањето какви се процедурите за објавување, Костовски рече дека не сака да шпекулира

    „Кога ќе стигне законот во ‘Службен весник’ ќе бидете благовремено известени. Како главен и одговорен уредник, и како директор на ‘Службен весник’ ќе постапам според Уставот и законите“, одговори Костовски, на новинарско прашање дали ќе биде објавен во „Службен весник“ законот за употреба на јазиците без потпис на претседателот на државата Ѓорге Иванов.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери, на брифингот со новинарите минатата недела, најави дека ќе го прати Законот за употреба на јазиците до „Службен весник“, но не кажа кога.

    Собранието го изгласа по вторпат Законот за употреба на јазиците на 14 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира