ЗА ОСТАВКА ЌЕ РЕШАМ СО СЕЛА И ЗАЕВ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ

    ЗА ОСТАВКА ЌЕ РЕШАМ СО СЕЛА И ЗАЕВ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИМинистерот за здравство Арбен Таравари на владина седница. (Архивска фотографија)

    Министерот за здравство Арбен Таравари ќе се консултира со лидерот на ДР-ДПА Зијадин Села и со премиерот Зоран Заев дали за време на изборната кампања да даде оставка од министерската функција, по примерот на заменик министерот за образование Висар Ганиу, кој денес даде оставка од функцијата оти ќе биде кандидат за градоначалник од Чаир на ДУИ.

    Ганиу оставката ја образложи со тоа дека иако нема законски пречки да остане заменик министер, сепак тоа го прави за да ја одвои државата од партијата.

    Таравари уште пред две недели најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар,откако пропаднаа преговорите со БЕСА да излезат со заеднички кандидат на локалните избори.

    Тогаш министерот кажа дека партијата одлучила тој да се кандидира за градоначалник, бидејќи немало друг кандидат со повисок рејтинг. Таравари прво кажа дека ќе остане министер, а за време на кампањата ќе користи годишен одмор од две недели.

    На прашањето од САКАМДАКАЖАМ.МК дали ќе го следи примерот на Ганиу, или сепак ќе биде министер на годишен одмор, Таравари одговори:

    “Ќе одлучиме во партијата во координација со премиерот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира