ЗА ПОПИС НЕ СЕ РАЗМИСЛУВА ДО 2021 ГОДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ПОПИС НЕ СЕ РАЗМИСЛУВА ДО 2021 ГОДИНА

    Попис нема да има пред 2021 година, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Државниот завод за статистика. Темата за попис одвреме-навреме се споменува помеѓу политичките партии и меѓународните претставници вклучени во преговарачкиот процес за излез од кризата, во контекст на најсигурен метод за детално прочистување на избирачкиот список како еден од условите за организирање веродостојни избори.

    Наспроти некои лански изјави дека надлежните инстритуции интензивно се подготвувале за попис, учејќи ги најновите светски стандарди за спроведување на оваа сложена операција, изворите што ги контактираше САКАМДАКАЖАМ.МК кои сакаат да останат анонимни оти не се овластени за давање информации во јавноста тврдат дека од тоа нема ништо.

    “Нема ни П од подготовки, таа тема не се спомнува воопшто, од моментот уште кога ненадејно се прекина почнатото пребројување на населението и домаќинствата во 2011 година. Попис се прави на десет години. Сега ќе чекаме да заврши и оваа декада, па потоа можеби ќе ја спроведеме операцијата, со 20-годишно доцнење. Ќе се чека 2021 година, бидејќи тогаш сите држави ќе прават попис, со сосема нови и усовршени стандарди, кои треба да ги примени и Република Македонија.  Дотогаш, тешко дека ќе спроведеме попис со постоечкава методологија, која се смета за стара, нестандардна и неупотреблива“, тврдат нашите соговорници, кои велат дека и покрај тоа, статистичарите во Државниот завод за статистика ги следат и се во тек со целиот развој на современата методологија за спроведување попис на населението и домаќинствата.

    Минатата година во јули, на седница за пратенички прашања тогашниот премиер Никола Груевски рече дека подготовките за попис се во тек. На прашањето зошто само Македонија и Сомалија се единствените држави во светот во кои попис не е спроведен 15 години Груевски одговори дека Владата ќе спроведе попис. Кога би се спровел пописот не кажа,  бидејќи како што рече, се требало да биде добро подготвено, за да нема сомнежи за регуларноста.

    “Целта е да се обезбеди попис според највисоки меѓународни стандарди. На тој начин ќе нема простор за сомнежи околу добиените податоци кај ниту една заедница, етничка група или поединец“, ја објаснуваше Груевски оваа мистерија за која со години нема одговор. Тој најави и дека 70 отсто од пописот ќе се спроведе електронски, односно со компјутерско поврзување на базите со податоци кои ги имаат различни институции. Останатите 30 отсто би се спроведеле теренски.

    Од јули минатата година, никој од власта веќе не го споменува пописот.

    Штетите од тоа што деценија ипол Македонија нема попис, се огромни. Не е проблем само тоа што со сигурност не може да се прочисти избирачкиот список, туку не може да се направи ниту развојна стратегија, ниту стратегија за борба против сиромаштијата. Експертите се сомневаат дури и во бројката за просечната плата во Македонија. Но, најболно е прашањето што не се знае точно колку луѓе и цели фамилии се иселиле од Македонија за последните 15 години.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари