Пратениците на пленарна седница ќе одлучуваат по барањето на Кривичниот суд да му се одземе имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Обвинителката Вилма Рускоска побара притвор и за него, како еден од шестемина осомничени за организирање на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.
Ваквата одлука се носи со 61 пратенички глас.
Комисијата за мандатно- мунитетни и деловнички прашања, чиј претседател е Павле Богоевски, а во неа членува и Трајко Вељаноски со право на глас за себе, по дводневна расправа, не зазеде став во однос на барањето на Судот. Вељаноски се спаси. Гласањето беше изедначено, четири спрема четири. На гласањето, поради здравствени причини, отсуствуваше пратеникот од ДУИ Агим Шаќири.
Извештајот од расправата на Комисијата веќе е доставен до претседателот на Собранието Талат Џафери, со што се исполнети законските услови тој да закаже пленарна седница согласно роковите предвидени со Деловникот, на која што пратениците конечно ќе се изјаснат дали на пратеникот Трајко Вељаноски ќе му биде одземен имунитето или не, велат собраниски извори.
С. К. ДЕЛЕВСКА