Само што почна седницата по паузата за ручек, координаторот на третата од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски побара пауза од еден час, поради тоа што во исто време се одржува седница на комисија за финансирање у буџет.
„За секој час пауза што се бара, се продолжува работата на Собранието за плус еден час по 18 часот. Не сакам да прејудицирам за намерата со ова што го правите со барањето паузи, за тоа нека судат тие што не гледаат, јавноста. Јас ќе ви дадам сега нов еден час пауза, ама ставете ја на сметка на работата после 18 часот”, рече претседателот на Собранието Талат Џафери, по што ја даде новата едночасовна пауза што ја побара Илиоски од ВМРО ДПМНЕ.
„А можам и вака да направам, ако продолжите со прекинувањето на седницата“, додаде Џафери.
„Да ја прекинам расправата по оваа точка, да ги довршите комисиските расправи и да преминам на наредната точка за разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски“, најави собранискиот спикер.
С. К. ДЕЛЕВСКА