ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ИЛЈАДА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО, СЕ ПОФАЛИ ФИЛИПЧЕ

    ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ИЛЈАДА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО, СЕ ПОФАЛИ ФИЛИПЧЕНајголем процент од нововработените се доктори, а потоа медицински сестри и технички персонал. - Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на велешката болница (Фото: СДК.МК)

    За половина година во јавното здравство во Македонија се вработени илјада лица, најмногу доктори. Со ова се пофали министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на велешката болница и најави дека од месецов и во наредниот период, ќе започне специјализацијата на голем број доктори.

    „Во последните шест месеци во јавното здравство во Македонија примени се илјада луѓе. Најголемиот процент е на доктори, а потоа медицински сестри и технички персонал. Од крајот на месецов ќе започне првата поголема специјализација, за почеток тоа се доктори од Медицински факултет, а од септември продолжува со една голема бројка. Ни требаше време за анализа од која установа кој профил специјализанти недостига. Тоа е завршено и останува сега докторите да започнат со специјализација. Недостигот на кадри во некои здравствени установи се надополнува со гостување на доктори од здравствените институции од Скопје“, рече министерот за здравство Филипче при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес.

    Тој предаде на користење Центар за дијабет. На новинарското прашањето кога во велешката Болница ќе проработи компјутерскиот томограф, кој е вон употреба од лани од септември, министерот Филипче кратко рече „наскоро“, не прецизирајќи временски рок кога ќе биде тоа. За тоа време, итните случаи од сообраќајки се препраќаат во Скопје.

    Директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес најави дека завршена е тендерската постапка за замена на два лифта, избран е оператор и останува време кога тие ќе се инсталираат. Четири години лифтот во велешката болница не работи а службениот е и за здрави и за болни, со него се носи храна, се пренесуваат починатите. Останува проблемот со малиот број на општи хирурзи, само тројца поради што е намален бројот на оперативни зафати.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира