ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ПРАТЕНИК ВО ЕУ ВЛАДАТА ГО ИМЕНУВА АРБЕН ФЕТАИ, ПОРАНЕШНИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ КОЈ 2 МЕСЕЦА НЕ ИДЕШЕ НА РАБОТА

    ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ПРАТЕНИК ВО ЕУ ВЛАДАТА ГО ИМЕНУВА АРБЕН ФЕТАИ, ПОРАНЕШНИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ КОЈ 2 МЕСЕЦА НЕ ИДЕШЕ НА РАБОТАДо оставката на Фетаи на 1 јуни, Мицкоски никогаш не одговори конкретно каде е вицепремиерот за добро владеење, зошто не доаѓа на работа два месеца, дали зема плата додека не доаѓа на работа, дали од неговите патувања на егзотични места државата има некаква полза. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот вицепремиер  за добро владеење Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европската Унија во Брисел. Владата го именувала на вчерашната седница, месец и пол откако на 10 јуни Собранието го разреши Фетаи, кој два месеца не доаѓаше на работа и на 1 јуни си поднесе оставка.

    Во меѓувреме, на 4 јуни Изет Меџити, копретседател на коалицијата „Вреди“, потврди дека Фетаи ќе биде специјален претставник на Владата во Постојана мисија на Македонија при Европска Унија во Брисел.

    „Владата на Република Северна Македонија ме именуваше за специјален пратеник за Европската Унија, во Брисел“, објави Фетаи на фејсбук профилот и додаде е „ново поглавје во служба на европската интеграција на земјата“.

    Фетаи напиша дека ова за него претставува голема чест, но и уште поголема одговорност.

    „Задачата што ми е доверена е да се ангажирам за унапредување на процесот на европска интеграција на нашата земја, зајакнување на политичката поддршка во институциите на ЕУ и кај земјите-членки, придонесување кон надминување на политичките и дипломатските предизвици, како и за тоа гласот на Северна Македонија да биде посилен и поприсутен во Брисел и во европските метрополи. По долга кариера во Брисел и со искуството стекнато во Владата на Република Северна Македонија, каде што ја докажав мојата посветеност на европската перспектива на земјата, ја преземам оваа функција со цврсто убедување дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ“, вели Фетаи, заблагодарувајќи им се на премиерот и на Владата за укажаната доверба.

    До оставката на Фетаи на 1 јуни, јавноста повеќе денови го прашуваше премиерот Христијан Мицкоски каде е вицепремиерот за добро владеење кој на функцијата дојде како кадар на коалицијата „Вреди“, зошто не доаѓа на работа два месеца, дали зема плата додека не доаѓа на работа, дали од неговите патувања на егзотични места државата има некаква полза.

    Мицкоски никогаш не одговори конкретно. Само министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска за САКАМДАКАЖАМ,МК одговори дека не би можела да знае, бидејќи работодавач на Фетаи не е таа, туку Владата и оти неговата плата не се спрема во Министерството за финансии , туку во Владата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира