ЗА ТРИ МЕСЕЦИ 545 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО ВО СКОПСКО, ТРОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ, ПОЖАРНАТА БАРА КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА

    ЗА ТРИ МЕСЕЦИ 545 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО ВО СКОПСКО, ТРОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ, ПОЖАРНАТА БАРА КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈАОд Пожарната велат дека речиси во сите случаи на пожар на отворено причина за избувнувањето е човечки фактор. - Во пожар вчера во месноста Маркова Сушица изгореа куќа и две возила (Фото: Ѓ.Личовски)

    Речиси тројно е зголемен бројот на пожари на отворено во скопскиот регион. Бригадата за противпожарна заштита на Скопје од први јануари до 18 март интервенирала на 545 пожари. Најмногу од интервенциите биле запелена сува трева. За разлика од оваа година, лани во првите три месеци бројот на пожари на отворено бил 220.

    Пожарната најмногу интервенции на пожари на отворено има во општините кои не се во рамките на Град Скопје, како Арачиново, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Зелениково, Ржаничани, каде има земјоделски земјишта. (Фото: Ѓ.Личовски)

    „Зголемен е бројот на пожари на отворено и речиси во сите случаи причина е човечки фактор. Граѓаните сами си ја палат сувата трева и вегетација, за после да ги обработуваат земјиштата. Во најголем број случаи ќе ги запалат нивите и си заминуваат, па пожарот се шири. Но, има и случаи кога ги затекнуваме на лице место луѓето кои го подметнале пожарот. Во неделата интервениравме во Нерези, луѓето си седеа спокојни и ни рекоа зошто сме дошле, тие биле тука, само ја гореле тревата. За жал ние како Бригадата не можеме ништо да направиме за да ги казниме. Итно е потреба комунална полиција“, вели Владимир Симоновски командант на Бригадата за противпожарна заштита.

    Пожарната најмногу интервенции на пожари на отворено има во општините кои не се во рамките на Град Скопје, како Арачиново, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Зелениково, Ржаничани, каде има земјоделски земјишта. Во Скопје главен проблем покрај огнови на отоврено и палење гуми, им се запалените контејнери.

    Во пожар вчера во месноста Маркова Сушица изгореа куќа и две возила. (Фото: Ѓ.Личовски)

    „Секој ден имаме по неколку запалени контејнери. Ни се случуваше во Општина Карпош во исто маало, три дена по ред да се палат контејнери. Од една страна горат ниви или планина како вчерашниот случај на Скопска Црна Гора, а ние праќаме екипи да гасат контејнери. Апелирам до граѓаните за совесно однесување и да престанат со палење на стрништа. Сме имале случаи кога сакале да ја изгорат сувата трева, но огнот се проширил па им ја зафатил и куќата“, додава Симоновски.

    Скопската Пожарна низ цел скопски регион интервенира со 30 пожарни возила. Командантот Симоновски велат дека им се потребни најмногу пет нови возила и нови пожарникари.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари