ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ СЕ ПРЕПОРАЧА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 24 ЧАСА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ СЕ ПРЕПОРАЧА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 24 ЧАСА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ„Од следната недела ќе комуницираме со стопанските комори, и од наша страна ќе им се даде јасна насока како треба да се организираат работниците за да се вратат на работа за кога ќе се донесе таква одлука“, рече министерот за здравство Венко Филипче. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Четиримесечно бебе од Кочани е најмладиот пациент со коронавирус , кажа министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конфренција во Владата. Бебето со мајката се позитивни на КОВИД-19 и се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје и се со стабилна клиничка слика. Секојдневно се следат од педијатар, бебето има лесна форма на анемија, но е во добра состојба и нема потреба од респиратор и наредните месеци ќе се следи неговиот имунонолошки систем.

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, и со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 663 лица.

    Според Филипче, заострените мерки и воведувањето на полициски час, веќе даваат резулати и се подготвуваат и за пикот на епидемијата на крајот на април, но и за враќањето на животот во нормала. Тој кажа дека за време на Велигденските празници ќе се препорача полициски час од 24 часа.

    „Знам дека е сега убаво времето и сите сме навикнати да сме надвор, но сакам да упатам порака дека нема да може така лесно да се врати целиот процес и животот со истиот интензитет, имајќи го предвид искуството на другите земји, секогаш постои ризика за втор пик. Од следната недела ќе комуницираме со стопанските комори, и од наша страна ќе им се даде јасна насока како треба да се организираат работниците за да се вратат на работа за кога ќе се донесе таква одлука“, рече министерот за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести се примени 5 нови пациeнти, вкупниот број на хоспитализирани е 68, со потешка клиничка слика се 20, а 7 се во критична состојба и се на респираторни машини. Кај четворица пациенти кои се лекуваат на Клиниката, се чека вториот контролен тест и ќе бидат пуштени дома. Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје се сместени 25 пациенти, петмина се во тешка состојба и се во делот за интензивно лекување на вештичка веннтоалција.

    Во Битолската болница 4 се на болничко лекување, тројца се во стабилна состојба, еден е на кислородна поддршка. Во Штип 4 се на болнички третман во стабилна клиничка состојба.

    Околу статистиката, колкав е процентот на смртност кај пациенти кои се поставени на респираторна машина, Филипче кажа дека станува збор за болест која има непредвидлив тек и дека влошувањето доаѓа нагло.

    „Во последните стручни реномирани публикации, кои одговараат и на нашите случаи, е објавено дека смртноста на пациенти кои се на машина е 97 проценти, за жал многу малку се спасуваат, дури ни машината не дава посакуван ефект. Овој вирус ги напаѓа не само белите дробови, туку и другите органи, така што ништо не може да се направи и дадената терапија не дава ефекти“, рече министерот.

     

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира