ЗАДОВОЛСТВО МИ Е ШТО МАНДАТОТ ГО ПОЧНУВАМ ВО ПЕРИОД КОГА ЌЕ СТАНЕТЕ ЧЛЕНКА НА НАТО, РЕЧЕ НОВАТА АМБАСАДОРКА НА САД КЕЈТ БРНС

    ЗАДОВОЛСТВО МИ Е ШТО МАНДАТОТ ГО ПОЧНУВАМ ВО ПЕРИОД КОГА ЌЕ СТАНЕТЕ ЧЛЕНКА НА НАТО, РЕЧЕ НОВАТА АМБАСАДОРКА НА САД КЕЈТ БРНСБрнс на претседателот Пендаровски му кажа дека се радува што ќе ја искуси убавината и различностите на Северна Македонија и што ќе се запознае со културата, традициите и за историјата на нашата земја. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави Кејт Мери Брнс.

    Амбасадорката Брнс рече дека ќе ги поддржува напорите на македонските власти во борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото и ќе работи на зацврстување на безбедноста.

    „Ми претставува задоволство да го започнам мојот мандат во овој клучен период за односите помеѓу нашите две земји. Со нетрпение очекуваме, до крајот на годината, да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30 членка на НАТО Алијансата. Повеќе од 25 години работиме заедно и постигнавме многу во унапредувањето на нашите заеднички цели да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во западните институции и целосно посветена на нашите заеднички вредности демократија, индивидуална слобода, и владеење на правото.“, кажа амбасадорката Брнс на предавањето на акредитивните писма во претседателската вила на Водно.

    Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина, каде што дојде во септември 2017. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

    Брнс на претседателот Пендаровски му кажа дека се радува што ќе ја искуси убавината и различностите на Северна Македонија и што ќе се запознае со културата, традициите и за историјата на нашата земја.

    „Ќе барам можности за споделување на културата на Соединетите Држави и за градење на мостови помеѓу граѓаните на двете“, додаде Брнс.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира