ЗАЕДНО СО ГЛАСОВИТЕ НА РЕКА, ПРИКАЗНАТА НА СДСМ Е ГОТОВА, КАЖА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА

    ЗАЕДНО СО ГЛАСОВИТЕ НА РЕКА, ПРИКАЗНАТА НА СДСМ Е ГОТОВА, КАЖА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВАСилјановска-Давкова вечерва побара предвремени парламентарни избори. (Фото: К. Попов)

    На оваа земја ѝ треба нов профил на политичар и нова политичка култура, рече претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

    Со нашиот број гласови и на господинот Река, приказната на СДСМ е готова. Нашите тези се на линија на консолидација и на линија на веќе излитената парола Нема правда, нема мир, зашто правда нема во Македонија, побара таа поддршка од Река во вториот круг и рече дека е уморна од излитени политичари.

    Силјановска-Давкова вечерва побара предвремени парламентарни избори.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по неа кажа: „Победивме, ама нецелосно ги поразивме, затоа е потребен вториот круг на претседателските избори, најави тој борба на Силјановска со Пендаровски за две недели.

    СК. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира