ЗАЕВ БАРА НАЧИН МАКЕДОНИЈА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО УПОТРЕБУВА УСТАВНОТО ИМЕ, ОБЈАВИ ГРЧКИ „КАТИМЕРИНИ“

    ЗАЕВ БАРА НАЧИН МАКЕДОНИЈА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО УПОТРЕБУВА УСТАВНОТО ИМЕ, ОБЈАВИ ГРЧКИ „КАТИМЕРИНИ“Двајцата премиери најголем дел од вчерашниот разговор посветиле на опсегот на употреба на новото име, т.е. рамката за ерга омнес. - Заев и Ципрас на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија (Фото: СДК.МК)

    Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас се договориле за името Северна Македонија за време на вчерашниот телефонски разговор, објави грчкиот весник „Катимерини“.

    Двајцата премиери најголем дел од разговорот посветиле на опсегот на употреба на новото име, т.е. рамката за ерга омнес. Според изворите на „Катимерини“, Заев инсистирал на камуфлирани исклучоци од генералното правило за новото име за на тој начин да се овозможи Македонија да продолжи да го употребува актуелното уставно име во некои случаи.

    За денеска претпладне беше најавен уште еден телефонски разговор меѓу Ципрас и Заев, но според последните информации во грчките медиуми, разговорот ќе се случи попладне.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира