Сите 112 пратеници во Собранието го изгласаа предлогот на пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски точката за избор на заменици министри, која што првично беше 10-та, да се стави последна на дневниот ред на денешната собраниска седница за да имаат време пратениците да ги прочитаат биографиите на предложените функционери.
Во тој момент, присутен во салата беше премиерот Зоран Заев. Во експозето кога се бираше неговата Влада, Заев вети дека ќе ја слуша опозицијата. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ претходно се пожалија дека немале време ни да ги прочитаат имињата на предложените заменици министри, бидејќи владата ги доставила материјалите за нив утринава во 1 .40 часот по електронска пошта.
С. К. ДЕЛЕВСКА