ЗАЕВ И ГРУЕВСКИ ВО ЧЕТВОРКАТА, ПОБЕДА ИЛИ ЗАТВОР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ И ГРУЕВСКИ ВО ЧЕТВОРКАТА, ПОБЕДА ИЛИ ЗАТВОР

    Претседателите на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, на изборите на 11 декември ќе се соочат во четвртата изборна единица, во која и двајцата се носители на листите за пратеници. Од исходот на парламентарните избори ќе зависи не само кој од нив ќе биде на власт, туку и, најверојатно, кој од нив ќе заврши затвор, бидејќи и двајцата лидери се обвинети и наскоро ги очекуваат судски рочишта, Заев за „Пуч“, а Груевски за насилство во општина Центар.

    За случајот „Пуч“ досега беа одложени десет рочишта, а на последното, на 1 ноември, судијката го одложи судењето на неодредено. Груевски треба да седне на клупата за обвинети на 21 ноември за првото рочиште од судењето за насилството во општина Центар од 2013 година, за кое СЈО го сомничи како еден од тројцата нарачатели.

    Во првата изборна единица ќе се соочат Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ. Во двојката се Никола Тодоров и Оливер Спасовски, во тројката се Илија Димовски и Љупчо Николовски, во петката Антонио Милошоски и Радмила Шеќеринска и во шестката се Влатко Ѓорчев и Петре Шилегов.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари