„ЗАЕВ ИМАЛ ПРЕС, ДА БИДЕМЕ НА ГОТОВС! СИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ДОАЃААТ ПРЕД СОБРАНИЕ. СЕГА Е МОМЕНТОТ. ДОАЃАЈТЕ СИТЕ!“, ДОБИВАЛ ПОРАКИ СОБРАНИСКИ СЛУЖБЕНИК ПРЕД НАПАДОТ НА 27 АПРИЛ

    „ЗАЕВ ИМАЛ ПРЕС, ДА БИДЕМЕ НА ГОТОВС! СИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ДОАЃААТ ПРЕД СОБРАНИЕ. СЕГА Е МОМЕНТОТ. ДОАЃАЈТЕ СИТЕ!“, ДОБИВАЛ ПОРАКИ СОБРАНИСКИ СЛУЖБЕНИК ПРЕД НАПАДОТ НА 27 АПРИЛСо смс пораки од мобилниот телефон на сведокот Сашко Коцевски, кој работи во Собранието, Обвинителството претстави докази за организацијата на нападот на Собранието на 27 април 2017; - Коцевски (седи десно спроти говорницата) на седницата на 27 април 2017 пред изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието (Фото: СДК.МК)

    Смс пораки, вибер и фејсбук пораки беа денеска презентирани во Основниот суд Скопје 1 како докази за организацијата на нападот на Собранието на 27 април лани, на судењето во кое  33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

    Во смс порака од мобилниот телефон на сведокот Сашко Коцевски, кој работи во Собранието, Обвинителството за организиран криминал нашол порака од 12 март 2017 од извесна Весна Герговска, која му препраќа порака од извесна Соња:

    „Јавете се по список и на пасивни и на активни, за утре да излезат“.

    Герговска: „Во автобусите на ЈСП за време на протестите од 16-19 ч. нема да има контроли, може да се возите без билет, исто така и градски паркинг. Тоа време нема, да има контроли и пајаци можете слободно да се паркирате“. По ова пак му пишува: „Утре 14.03.2017, пред музејот на ВМРО, за Македонија се работи“.

    Утреденда Герговска пак до Коцевски: „Утре во 16.40 пред музејот на ВМРО кандидатите за советници да донесат по 10 луѓе. За Македонија се работи“.

    „Утре 21.03.2017 во 16.40, пред Музејот на ВМРО-ДПМНЕ кандидатите за советници, вработени во училиштата, цела администрација да биде присутна, овие денови ни се најважни. За Македонија се работи“.

    Таа му праќа, секој ден идентични пораки на Коцевски за организација на протестите, а во една го информира дека зборното место ќе биде пред СЈО. Сите наредби ги завршува со „За Македонија се работи“.

    На 2 април 2017 таа му пишува: „Утре доаѓа Туск и многу е битно да сме во огромен број. Пред музеј во 16.30, а од влада се оди во ЕУ“.

    На 10 април 2017 таа пишува: „Утре ни е многу важен ден, да излеземе сите против Тиранската платформа. За Македонија се работи“.

    Всушност секој ден му праќа универзални пораки со манипулација, со т. н. Тиранска платформа, со барање нови избори, додека ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски и Ѓорге Иванов не ја даваа власта, т. е. не дозволуваа ново парламентарно мнозинство на чело со СДСМ.

    На 27 април 2017 Герговска му испраќа порака на Коцевски: „Заев имал прес, да бидеме на готовс! Во секој момент може да дадеме насоки“. Потоа повикува на собирање пак пред музејот на ВМРО.

    „Сите членови да доаѓаат пред Собрание. Сега е моментот. Доаѓајте сите!“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира