ЗАЕВ Ѝ КАЖА НА ДУИ ДЕКА МОЖЕ ДА ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ СО ШЕСТ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ, ЈА ПОВИКА ДА ПРИФАТИ ИЗБОРЕН МОДЕЛ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

    ЗАЕВ Ѝ КАЖА НА ДУИ ДЕКА МОЖЕ ДА ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ СО ШЕСТ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ, ЈА ПОВИКА ДА ПРИФАТИ ИЗБОРЕН МОДЕЛ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦАПремиерот Заев на дебатата во Собранието кажа дека со една изборна единица ќе изгубат највисокорангираните партии, во случајов СДСМ, како што рече. Но, додаде, ќе добие демократијата. (Фото: К. Попов)

    Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска во Собранието дојде кај малите партии кои покренаа иницијатива за промена на сегашниот изборен модел во таков само со една изборна единица, на која не присуствуваа ни ВМРО-ДПМНЕ, ни ДУИ.

    Откако ѝ даде целосна поддршка на иницијативата и кажа дека тоа е отворена можност еднаш засекогаш да се ослободиме од забетонираниот двопартиски систем, како што рече, ја предупреди ДУИ дека за нејзино добро е да ја поддржи иницијативата, оти албанската опозиција се здружува и ќе ја победи со сегашниот пропорционален изборен модел со 6 изборни единици.

    „ДУИ е мој коалиционен партнер и сакам да ѝ порачам дека албанската опозиција се здружува на терен. Со пропорционалниов изборен модел од 6 изборни единици, ДУИ се откажува од традиционалните гласачи во третата и четвртата единица“, ја повика Заев партијата на Али Ахмети да даде поддршка на иницијативата за промена на Изборниот законик и измените да се донесат пред парламентарните избори.

    Заев кажа дека со една изборна единица ќе изгубат највисокорангираните партии, во случајов СДСМ, како што рече. Но, додаде, ќе добие демократијата. Неговото мислење е за овие парламентарни избори да се воведе една изборна единица, без отворени листи, зашто граѓанинот во тој чаршав од 120 имиња на кандидати на листата од една партија, нема да го најде името за кое сака да го даде својот глас. Но, рече дека една ИЕ и отворени листи, веќе може да се спроведат како пилот-проект за наредните локални избори во 2021 година.

    „Одлична можност е на една изборна единица да се испробаме кој колку вреди. И да го нема веќе тоа, малите партии да велат: вие големите ништо не давате, а ние големите: вие малите многу барате!“, рече Заев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира