Премиерот Зоран Заев ја најави средбата со премиерот на Грција Алексис Ципрас со слика и порака на официјалниот твитер профил: Отворено разговараме и градиме меѓусебна доверба во интерес на граѓаните.
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се среќаваат на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
На средбата присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји, Никос Коѕијас и Никола Димитров.
Не е соопштено дали по средбата ќе има заедничка изјава.