ЗАЕВ НА ТВИТЕР ЈА ОБЈАВИ СРЕДБАТА СО ЦИПРАС

    ЗАЕВ НА ТВИТЕР ЈА ОБЈАВИ СРЕДБАТА СО ЦИПРАСОд официјалниот твитер профил на премиерот Зоран Заев

    Премиерот Зоран Заев ја најави средбата со премиерот на Грција Алексис Ципрас со слика и порака на официјалниот твитер профил: Отворено разговараме и градиме меѓусебна доверба во интерес на граѓаните.

    Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се среќаваат на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

    На средбата присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји, Никос Коѕијас и Никола Димитров.

    Не е соопштено дали по средбата ќе има заедничка изјава.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира