Лидерот на СДСМ Зоран Заев е со раскрвавена глава откако демонстрантите од „За заедничка Македонија“ влегоа во прес-центарот каде што се пратениците од мнозинството и новинарите.
Демонстранти има и во главната сала на Собранието по изборот на Талат Џафери од ДУИ за нов претседател во Собранието. Новинарите велат дека таму владее вистински хаос и бараат помош од полицијата.
Меѓу демонстрантите има луѓе со црни маски. Во Собранието не се лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Никола Груевски и Али Ахмети.