ЗАЕВ: ИЛИ ГРУЕВСКИ ИЛИ МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ: ИЛИ ГРУЕВСКИ ИЛИ МАКЕДОНИЈА

    СДСМ нема да учествува на овие лажни избори, изјави вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев, објавувајќи дека опозицијата ќе ги бојкотира изборите на 5 јуни.

    Со повикот „Или Груевски или Македонија“ Заев ги повика сите граѓани заедно да ја зачуваат демократијата. „Ова е прашање на Македонија и нејзината иднина“, рече Заев.

    Тој истакна дека избори без слобода, со притисоци, без реформи во медиумите, без пречистен избирачки список се лажни, нефер и недемократски и тоа е причината поради која опозициската СДСМ нема да учествува на овие избори.

    Заев кажа дека граѓаните видоа и слушнаа зошто одбиваат фер и демократски избори. „Одбиваат да го испочитуваат договорот, за да го амнестираат својот криминалот и корупцијата. За да останат на власт и да продложат со криминалот и корупцијата не бираат средства.“, рече Заев половина час откако Собранието се распушти за да се организираат избори на 5 јуни.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари