ЗАЕВ И ЦИПРАС ПОКАЖАА ЛИДЕРСТВО И ПОЛИТИЧКА ХРАБРОСТ, ВЕЛИ БОРИС ЏОНСОН, ЗА КОГО ДОГОВОРОТ Е ФАНТАСТИЧНА ВЕСТ

    ЗАЕВ И ЦИПРАС ПОКАЖАА ЛИДЕРСТВО И ПОЛИТИЧКА ХРАБРОСТ, ВЕЛИ БОРИС ЏОНСОН, ЗА КОГО ДОГОВОРОТ Е ФАНТАСТИЧНА ВЕСТБританскиот министер за надворешни работи ги повика сите лидери во двете земји да ги увидат бенефитите од решавањето на долготрајниот спор. - Џонсон и Заев (архивска фотографија)

    Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон вели дека е фантастична вест што премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнале договор за спорот за името. Според Џонсон двајцата премиери покажале лидерство и политичка храброст и ги повика сите лидери во двете земји да ги увидат бенефитите од решавањето на долготрајниот спор.

    „Фантастична вест е што премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за спорот за името. За ова беше потребно лидерство и политичка храброст. Ги повикувам сите лидери во двете земји да ги признаат бенефитите што ќе ги донесе решавањето на овој долготраен спор“, твитна Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира