ЗАЕВ ТВИТА КАКО ТРАМП ОТИ ТАКА МУ ДОШЛО

    ЗАЕВ ТВИТА КАКО ТРАМП ОТИ ТАКА МУ ДОШЛОДенешната порака на премиерот Зоран Заев на Твитер. (Фото: Твитер/Зоран Заев)

    Премиерот Зоран Заев пред малку твитна дека е дојдено време сите да се вложиме за заедничка повисока цел – успехот на Македонија, во пресрет на денешните преговори за името во Њујорк и утрешната посета на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

    САКАМДАКАЖАМ.МК праша во Владата на кој настан се однесува твитот, бидејќи вечерва и македонската ракометна репрезентација игра на Европското првенство во Хрватска против Германија, но оттаму ни одговорија дека твитот не поврзан со ниту еден настан или политичко случување.

    „Тоа е вообичаена порака што премиерот ја кажува на сите средби со граѓани. Не е поттикната од никаков дневен настан или политичко случување“, велат од Владата.

    Вакви твитови често има и американскиот претседател Доналд Трамп, кој одвреме навреме на социјалната мрежа, без посебен повод, го повторува неговиот слоган од изборната кампања – „Да ја направиме Америка повторно голема“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира