Премиерот Зоран Заев и ексдиректорот на УБК Зоран Верушевски дојдоа да дадат исказ во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Таргет“, кој се однесува на незаконското следење на комуникациите.
СЈО го презентираше случајот на 18 ноември, кога на прес-конференција откри дека вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од УБК во период од 2008 година до 2015 година.
Осомничени во случајот „Таргет“ се десетмина поранешни и сегашни вработени во УБК, кои се наоѓале на раководни позиции или биле дел од пониски ешалони, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и незаконско прислушување.