ЗAЕВ ВЕТИ СПЕЦИЈАЛНО СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СЛУЧАИТЕ НА СЈО

    ЗAЕВ ВЕТИ СПЕЦИЈАЛНО СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СЛУЧАИТЕ НА СЈОМандатарот Зоран Заев заврши со експозето на владината програмата, по паузата од еден час, Собранието ќе почне со расправата за избор на нова влада. (Фото: СДК.МК)

    Мандатарот Зоран Заев во експозето во Собранието рече дека реформата во правосудството за да имаме независно, чесно и професионално судство и обвинителство е најважната реформа во Програмата на владата на унитарна Република Македонија. Притоа, тој најави формирање на специјално судско одделение за случаите на Специјалното јавно обвинителство.

    „Ќе има реформа во судството според позната европска пракса. Ќе биде отворено специјално одделение во Основниот суд Скопје 1 за случаите што ги отвори СЈО и ќе се преземат итни мерки за деблокада на нивната работа“, кажа, меѓу другото, Заев и додаде дека итните реформски потези на новата влада ќе бидат приоритетите што ги постави Прибе.

    Во однос на реформите на безбедносниот систем, мандатарот кажа дека ќе бидат одвоени следењето на комуникациите за потребите на кривичните постапки, со судски налог, а одделно ќе биде разузнавањето, исто така, според препораките на Прибе.

    По завршување на излагањето на лидерот на СДСМ, претседателот на Соранието Талат Џафери даде пауза од еден час за да се подготват стенограмите од експозето и да се поделат на пратениците, пред да почне расправата, Седницата за избор на нова влада продолжува во 13.30 часот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира