ЗАГАДЕНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ПОПОВА ШАПКА, ТЕТОВСКИТЕ КОМУНАЛЦИ МОЛЧАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Тетово,(МЕТА)

    ЗАГАДЕНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ПОПОВА ШАПКА, ТЕТОВСКИТЕ КОМУНАЛЦИ МОЛЧАТ

    Водата за пиење во туристичкиот центар Попова Шапка е фекално загадена, покажаа последните испитувања на Центарот за јавно здравје Тетово. Микробиолошкото загадување е резултат на неодржување на резервоарите на водата за пиење на Попова Шапка, изјави Центарот.

    „Резервоарите на водата за пиење треба редовно да се дезинфицираат, во спротивно може да дојде до микробиолошко загадување на водата. Затоа препорачуваме итна дезинфекција и хиперхлорирање на водата„, изјави за „Мета“ д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија вработен во Центарот за јавно здравје Тетово.

    Јавното комунално претпријатие Тетово е надлежно за одржување на водата за пиење на Попова Шапка, но не дава никакви информации дали нивните служби планираат да извршат хиперхлорирање на водата и дезинфекција на резервоарите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира