ЗАГРИЖЕНА СУМ И РАЗОЧАРАНА ШТО АПЕЛАЦИЈА ВРАЌА НА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ ГОЛЕМ БРОЈ ВИСОКОПРОФИЛНИ СЛУЧАИ, ВЕЛИ АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ВО ПИСМО ДО ВЛАДАТА И ВРХОВНИОТ СУД

    ЗАГРИЖЕНА СУМ И РАЗОЧАРАНА ШТО АПЕЛАЦИЈА ВРАЌА НА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ ГОЛЕМ БРОЈ ВИСОКОПРОФИЛНИ СЛУЧАИ, ВЕЛИ АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ВО ПИСМО ДО ВЛАДАТА И ВРХОВНИОТ СУДОчигледната неспособност на судовите брзо да ги процесираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд, дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, се вели во писмото од амбасадорката Агелер. (Фото: СДК.МК)

    Американската амбасадорка во земјава Ангела Прајс Агелер, на 12 април испратила писмо до Владата, до министрите за правда Кренар Лога и за надворешни работи Бујар Османи, како и до Врховниот суд, во кое искажува загриженост за серијата укинати пресуди за предмети за висока корупција. Во писмото до кое дојде ТВ АлсатМ, се истакнуваат напорите на САД да помогнат во реформите на правосудството, за кои таа земја досега на Македонија ѝ има дадено над половина милијарда евра.

    „Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд, дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите“, се вели во писмото од амбасадорката Агелер.

    САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека во писмото точно се наведува за кои предмети станува збор.

    Многу лесно може да се види дека неколку исти апелациони судии, особено еден кој конкурира упорно за врховен судија, се поврзани со сите укинати или преиначени затворски пресуди во условна казна, на пример, кон Сашо Мијалков, кого Апелација повеќепати го спасува од затвор.

    Во одговор на новинарско прашање во врска со писмото од Агелер, вицепремиерката за политики за добро владеење и антикорупција Славица Грковска денеска рече дека одлуките на Апелацискиот суд за поништени решенија во случаи против високи профилирани лица се сериозен проблем и оти пораките што доаѓаат од САД конечно ќе повлијаат на правосудните органи дека одлуките треба да ги носат професионално, непристрасно, без влијание од друга страна.

    „Вие знаете дека уште минатата година, уште кога беше тука и претходната амбасадорка, го покренав прашањето зАлсата одлуките на Апелацискиот суд. Првата реакција беше после првото, народски да го кажам, пазарење на вина, следуваа неколку настани заедно со правосудните органи, универзитетски професори, медиуми, невладини организации за тоа што треба да се преземе, во системска смисла да се намалат тие можности, меѓутоа и понатаму неколку активности што одат во таа насока и веќе со меѓународните партнери сме договорени како системски да се намалат можностите за такво нешто, меѓутоа и активностите за кои сте сведоци дека ги имаме и со останатите институции. Потполно се согласувам дека тоа е многу сериозен проблем и дека сите активности што ги имаме ние како кабинет, изјавите што ги даваме, заедничките активности што ги имаме и со другите институции, меѓутоа и од многу отворените пораки од страна на американската амбасада, од Европската Унија, од останатите наши меѓународни партнери, дека конечно ќе повлијаат на правосудните органи дека одлуките треба да ги носат професионално, непристрасно, без влијание од друга страна, исклучиво во согласност со закон, затоа што нашите граѓани заслужуваат правдата да биде подеднаква за сите и се надевам дека сите овие укажувања ќе придонесат конечно за постапување онака како што доликува на еден професионален правосуден систем со интегритет, рече Грковска по тркалезната маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира