ЗАКАНА ЗА БОМБА ДОБИЈА НАРОДНАТА БАНКА И 9 СРЕДНИ ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ

    ЗАКАНА ЗА БОМБА ДОБИЈА НАРОДНАТА БАНКА И 9 СРЕДНИ ШКОЛИ ВО СКОПЈЕОд МВР велат дека веднаш е извршено безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки. (Фото: НБРСМ)

    Народната банка (НБРСМ) и 9 средни школи во Скопје денеска добија закани за бомба на е-поштата, соопшти МВР. Од МВР велат дека веднаш е извршено безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки.

    „Денеска околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
    Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа“, соопшти МВР.

    Изминатиов месец и пол чести се дојавите за бомби по е-пошта за стредни и основни школи во Скопје и други градови, но првпат ваква закана добива и државна институција.

    МВР во понеделникот поднесе кривична пријава за малолетник од Скопје кој признал дека испратил дел од заканите за поставени бомби во средните училишта, а се товари за сторено кривично дело „тероризам”. Како што соопшти МВР, пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на Скопје, почнал и тој да праќа закани од неговиот компјутер.

    За другите дојави досега нема фатени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира