ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА ВАЖИ ЗА ДЕМОНСТРАНТИТЕ, НО НЕ И ЗА КОНТРАДЕМОНСТРАНТИТЕ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:538:"Полицијатагиказнувадемонстрантитештогишараатспоменицитеифасадитесопо50евраилиопштокориснаработаспоредодредбитенаЗаконотзајавначистота,нонегиказнуваконтрадемонстрантитекоиистотаказадсебеоставаатѓубреодхартиивокоисезавитканисендвичитеипластичнишишиња";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА ВАЖИ ЗА ДЕМОНСТРАНТИТЕ, НО НЕ И ЗА КОНТРАДЕМОНСТРАНТИТЕ

    Селективната правда во Македонија не важи само во случајот со селективната аболиција на претседателот Ѓорге Иванов. Селективна правда се применува дури и за Законот за јавна чистота.

    никој не ги казни, ниту пак ги повика на информативен разговор, стотиците контрапротестанти кои на 15 март годинава пред Уставниот суд оставија депонија по протестот за поддршка на уставните судии кои одлучуваа дали ќе ги зголемат ингеренциите на претседателот за помилување на изборен криминал

    Никој не ги казни, ниту пак ги повика на информативен разговор, стотиците контрапротестанти кои на 15 март годинава пред Уставниот суд оставија депонија по протестот за поддршка на уставните судии кои одлучуваа дали ќе ги зголемат ингеренциите на претседателот за помилување на изборен криминал

    Полицијата ги казнува демонстрантите што ги шараат спомениците и фасадите со по 50 евра или општокорисна работа според одредбите на Законот за јавна чистота, но не ги казнува контрадемонстрантите кои исто така зад себе оставаат ѓубре од хартии во кои се завиткани сендвичите и пластични шишиња.

    Активистите на Шарената револуција вчера по завршувањето на протестот во центарот на Скопје ги повикаа демонстрантите да си го земат ѓубрето за да не бидат казнети. „Земете по некое ѓубре да не ве приведат“, извика еден од организаторите на синоќешната забава „Информативен разговор“ на раскрсницата во близина на полициската станица Центар во Скопје. Некој подели ќеси и дел од активистите направија генерално чистење на просторот околу раскрсницата кај „Палома бјанка“.

    Акцијата за чистење доаѓа откако неделава за валкање на градот казни од по 50 евра добија Уранија Пировска и Гордан Калајџиев од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија и професорката Мирјана Најчевска. Тројцата беа казнети поради прекршување на Законот за јавна чистота затоа што ги шарале спомениците и фасадите на јавните институции.

    Останаа неодговорени прашањата зошто казните не им беа пишани на лице место, како што предвидува законот, туку со одложено дејство, дури откако беа повикани на информативни разговори.

    За разлика од активистите за човекови права никој никој не ги казни, ниту пак ги повика на информативен разговор, стотиците контрапротестанти кои на 15 март годинава пред Уставниот суд оставија депонија по протестот за поддршка на уставните судии кои  одлучуваа дали ќе ги зголемат ингеренциите на претседателот за помилување на изборен криминал. Откако судиите ја донесоа одлуката која на претседателот му даде можност за помилувања, демонстрантите се разотидоа. Но хартиите од сендвичите што им ги делеа, шишињата од води и сокови останаа како посипани на новите плочници околу барокните згради.

    Тогаш контрапротестантите го зазедоа просторот пред Уставниот суд каде што неколку невладини организации, партиите СДСМ, Левица,  Демократскиот Сојуз, ДОМ, ФРОДЕМ, ЛДП и Движење на Турците веќе имаа уредно најавен протест. Уште рано утрото, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски постави три големи шатори пред судот за да го окупира просторот за најавените протести, а веќе околу пладне спонтано почнаа да пристигнуваат и контрапротестантите со автобуси од повеќе градови низ Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари