ЗАМП БАРА ЗАБРАНАТА ЗА МАКЕДОНСКА МУЗИКА ДА СЕ ПОЧИТУВА, НЕ ЈА ПРИФАЌА ОДЛУКАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАМП БАРА ЗАБРАНАТА ЗА МАКЕДОНСКА МУЗИКА ДА СЕ ПОЧИТУВА, НЕ ЈА ПРИФАЌА ОДЛУКАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

    ЗАМП им препорача на трговските радиодифузни друштва да продолжат да се придржуваат до одлуките на авторите на ЗАМП се додека судот не донесе правосилна судска одлука или додека авторите во ЗАМП сами не ја стават вон сила забраната за јавно емитување музика, поради, како што велат од ЗАМП, незаконските  одлуки на Министерството за култура и евентуалните повреди на моралните и материјалните права на авторите. Здружението за заштита на авторски и музички права соопшти дека авторите преку ЗАМП ќе ги преземат сите потребни правни дејствија за да си ги заштитат своите права и ќе поведат постапка против решението на Министерството за култура за запирање на забраната за емитување македонска музика.

    Министерството за култура вчера донесе решение за запирање на забраната на ЗАМП за емитување македонска музика по медиумите со образложение дека е противзаконска.

    „Поради основани сомневања за несовесно вршење на служба и злоупотреба на службената должност, против одговорните лица во Министерството за култура, ЗАМП поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство. Решението за запирање од извршување на одлуката со која се забрани јавно емитување домашна музика е непримерен обид на Министерство за култура да ги сокрие сопствените непостапувања согласно ЗАПСП. Откако, по сите контроли што ги направија и уште ги прават, не успеаја да најдат криминали (како што изјавуваа) и неправилности, откако не успеаја да ги поделат авторите (иако не престануваат да го поттикнуваат тоа), неспособни да најдат конструктивно решение, се подготвуваат да го жртвуваат ЗАМП и по 70 години авторското право да го вратат на почетоците. Затоа македонските автори се единствени во одбраната на своите неприкосновени права“, велат од ЗАМП.

    Од ЗАМП потсетуваат дека остануваат во сила и забраните што ги донесоа колективните организации од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора. Забраната за емитување македонска музика стапи во сила на 20 септември.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира