Засега нема да се воведе уште еден час плус евтина дневна струја, кажа денеска претседателот на Регулатроната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
„До крајот на годината нема услови да се воведе дополнителен час во дневната евтина тарифа поради состојбите на пазарот. Ако се воведе еден час повеќе, тоа би значело укинување на евтината тарифа од 22 до 24 часот. Како што ја воведовме оваа евтина тарифа и сме единствена земја во регионот што има евтина тарифа во текот на денот, верувам дека кога ќе имаме порелаксирани услови на пазарите ќе воведеме дополнителен час или два во текот на денот“, рече Беслимоски.
Анализите на Регулаторната комисија покажале дека од 2021 до 2023 немало услови за воведување на ваква мерка, а од јануари до септември годинава најниски цени на електричната енергија на берзите има во периодот од 12 до 16 часот, што во просек чинат под 50 евра за мегават/час. Ваквите анализи, според него, се поради ударот кој годинава се случи со цените во регионот, односно со несразмерно зголемување на цените на електрината енергија поради надворешни фактори, како што е исклучувањето на нуклерката во Романија поради топлото време и поради запуштеноста на прекуграничните капацитети за пренос на елетрична енергија.
Дневната евтина струја од 13 до 15 часот беше вратена лани во декември.