ЗАСЕГА НЕМА ВОВЕДУВАЊЕ ТЕСТОВИ ЗА КОВИД ЗА ТРАНЗИТ НИЗ ЗЕМЈАВА, ОДЛУЧИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ЗАСЕГА НЕМА ВОВЕДУВАЊЕ ТЕСТОВИ ЗА КОВИД ЗА ТРАНЗИТ НИЗ ЗЕМЈАВА, ОДЛУЧИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИСо тоа што лицата потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата, не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја, смета Комисијата за заразни болести. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Засега нема да се воведуваат ПЦР тестови за државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои транзитираат низ земјава.

    На денешната седница на Комисијата за заразни болести се разгледувало ова прашање и Комисијата вели дека ќе продолжи„ будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки“.

    „Според постојните мерки, граѓаните на овие земји кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја“, соопшти Министерството за здравство по состаноот на Комисијата.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира