ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА НА ГЛИСЕРИТЕ, ЧАМЦИТЕ, СКУТЕРИТЕ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, ЌЕ СЕ ЛОВАТ ОНИЕ СО ПРИВРЕМЕН УВОЗ КОИ ГО ПРЕЧЕКОРИЛЕ РОКОТ ЗА ЦАРИНЕЊЕ

    ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА НА ГЛИСЕРИТЕ, ЧАМЦИТЕ, СКУТЕРИТЕ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, ЌЕ СЕ ЛОВАТ ОНИЕ СО ПРИВРЕМЕН УВОЗ КОИ ГО ПРЕЧЕКОРИЛЕ РОКОТ ЗА ЦАРИНЕЊЕСите пловни објекти кои при контролата ќе бидат затекнати со нерегулиран царински статус ќе бидат предмет на соодветна законска постапка, ќе бидат преземени мерки за утврдување на обврските и привремено задржување на пловилата (Фото:СДК.МК)

    Царинската управа започнува зајакнати контроли на сите пловни објекти на Охридското езеро за да се спречат малверзациите со привремен увоз од страна на сопственици со странско државјанство.

    Истовремено таа апелира до сопствениците да го регулираат царинскиот статус на пловилата, бидејќи ќе им ги заплени.

    Злоупотребите најчесто се прават со привремен увоз на пловила од страна на носители на странски државјанства, кои ги пробиваат роковите за редовна царина, со препродавање или со трајно оставање на чамците во државава.

    Охридската капетанија може само да ги фати сопствениците на овие пловила, но нема овластување да ги казнува, туку може само да ги пријави на Царината.

    Царинската управа соопшто дека контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи.

    „Сите пловни објекти кои при контролата ќе бидат затекнати со нерегулиран царински статус ќе бидат предмет на соодветна законска постапка, при што ќе бидат преземени мерки за утврдување на обврските и привремено задржување на пловилата, до нивно целосно исполнување согласно законските овластувања. Предмет на контрола ќе бидат и пловните објекти на нерезидентите 9странците) чија употреба е регулирана со дозвола за привремен увоз, по што мора да го напуштат царинското подрачје или за нив да биде спроведена соодветна царинска постапка. Воедно ќе се контролира и исполнетоста на условите за управување со пловилата, односно дали тие се управувани исклучиво од лица кои имаат законско право на тоа“, најавува Царината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира