ЗАСЛУЖУВАМ ДА БИДАМ НА ЧЕЛО НА СЈО И ПАК ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ АКО ИМА РЕИЗБОР, ВЕЛИ ЈАНЕВА

    ЗАСЛУЖУВАМ ДА БИДАМ НА ЧЕЛО НА СЈО И ПАК ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ АКО ИМА РЕИЗБОР, ВЕЛИ ЈАНЕВАЗа барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување, специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека стнува збор за политичка изјава која што не држи вода. (Фото: СДК.МК)

    Катица Јанева вели дека ќе остане до крај на чело на Специјалното јавно обвинителство, не затоа што сака, туку затоа што смета дека тоа го заслужува, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешниот панел „Реформски бенч-маркови. Дали имаме реформи и зошто не?“.

    Таа рече и дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од функцијата во СЈО е политичка изјава која што ниту држи вода, ниту е на место и нема основа.

    „Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон“, рече Јанева и додаде дека ако нејзиното место оди на реизбор таа повторно ќе конкурира.

    Според актуелниот Закон за СЈО, мандатот на Јанева ѝ истекува во септември.

    Преговорите за нов Закон за Јавно обвинителство, со кој што треба да се регулира статусот на СЈО, сè уште се заглавени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира