ЗАТВОРАЊЕ НА УЧИЛИШТА, ГРАДИНКИ И УНИВЕРЗИТЕТИ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ЗАТВОРАЊЕ НА УЧИЛИШТА, ГРАДИНКИ И УНИВЕРЗИТЕТИ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИМерки за спречување на ширење на коронавирусот на Скопскиот аеродром. (Фото: СДК.МК)

    Затворање на градиниките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена, предложи Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче. Тој ќе го достави предлогот до Владата, која ќе одлучува на денешната седница и ќе ја објави одлуката во текот на денот.

    Во документот, до кој дојде САКАМДАКАЖАМ.МК, во заклучоците од состанокот, Комисијата предлага да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено , сите културни настани на ниво на државата и спортски натпревари, а повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз. Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира