ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА ТРУЈАЧИТЕ И НАСИЛНИЦИТЕ, ПОБАРАА АКТИВИСТИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПРАВАТА НА ЖИВОТНИТЕ

    ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА ТРУЈАЧИТЕ И НАСИЛНИЦИТЕ, ПОБАРАА АКТИВИСТИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПРАВАТА НА ЖИВОТНИТЕБарањата на активистите за правата на животните беа пренесени и пред Собранието. (Фото: Фејсбук/скриншот)

    Неколку стотини граѓани излегоа денеска на протестот „Македонија против насилство врз животните!“ и побараа од институциите итно да најдат хуман и ефикасен начин за справување со проблемот со бездомните животни. Револтирани од масовните труења на бездомни животни изминатиов период, граѓаните побараа забрана на слободна продажба на отрови и затворски казни за насилство врз животните. Протестот почна на Плоштадот Македонија, од каде се упати кон Собрание, а заврши пред канцелариите на Град Скопје.

    „Никој во Македонија не е безбеден. Ги повикуваме институциите, Министерството за внатрешни работи, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Агенција за храна и ветеринарство и единиците на локалната самоуправа итно да постапат и да најдат хумани и ефикасни начини за надминување на проблемот со бездомните животни. Бараме масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните, забрана на слободна на продажба на отрови, полиција за животни и казна затвор за насилниците врз животните“, кажа актерката Весна Петрушевска на протестот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира