ЗДРАВО ЌЕ БИДЕ ЗА ДРЖАВАТА ПО 17 ГОДИНИ НА ВЛАСТ, ДУИ ДА ПОМИНЕ ВО ОПОЗИЦИЈА, КАЖА ЗАЕВ

    ЗДРАВО ЌЕ БИДЕ ЗА ДРЖАВАТА ПО 17 ГОДИНИ НА ВЛАСТ, ДУИ ДА ПОМИНЕ ВО ОПОЗИЦИЈА, КАЖА ЗАЕВЗа кампањата на ДУИ за премиер Албанец, Заев рече дека станува збор за национал-популистички концепт и заради тоа ДУИ ќе изгуби на изборите на 15 јули. (Фото: СДСМ)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека ќе биде здраво за државата ако по 17 години на власт ДУИ помине во опозиција, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

    За кампањата на ДУИ за премиер Албанец, Заев рече дека станува збор за национал-популистички концепт и заради тоа ДУИ ќе изгуби на изборите на 15 јули.

    „Ова е само национал-популистички концепт и ништо друго. Верувам дека ќе изгуби ДУИ заради тоа. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ остануваат заедно во опозиција и тие си помагаат како ДУИ со ваквиот наратив да поминат во опозиција. Навистина, по 17 години на власт здраво е за државата ДУИ да помине во опозиција. Здраво е и за нив, и партиите се подобруваат во опозиција“, кажа Заев.

    На ДУИ им порача да се помачат малку да добијат видливо македонски, бошњачки, турски и гласови од другите етнички заедници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира