ЗДРАВСТВЕН НАДЗОР ЗА ЛИЦЕTO ОД КИЧЕВО КОЕ НЕ САКА ДА СЕ ТЕСТИРА ЗА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ, БАРА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ЗДРАВСТВЕН НАДЗОР ЗА ЛИЦЕTO ОД КИЧЕВО КОЕ НЕ САКА ДА СЕ ТЕСТИРА ЗА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ, БАРА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИКичевчанецот се јавил на матичен лекар завчера, веднаш било јавено на лекари од Инфективната клиника во Скопје и му било понудено тестирање, но тој го одбил. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Комисијата за заразни болести ќе побара од министерот за здравство да се дозволи здравствен надзор врз лицето од Кичево сомнително дека е болно од мајмунски сипаници кое не се јавило на тестирање, а епидемиолозите досега не успеале да воспостават контакт со него. Д-р Злате Мехмедовиќ, портапрол на Комисијата, изјави дека здравствениот надзор ќе подразбира вклучување на Државниот саниратерен инспекторат и МВР за да се лоцира лицето, изолира и подложи на тестирање, а ако  се испостави дека е позитивно ќе се лекува.

    „Одлучено е комисијата да преложи до министерот за здравство да се дозволи здравствен назор врз лицето, со цел да можат да постапат институциите и да се заврши случајот што побрзо. Можно е во следните денови, а можеби и утре, согласно тоа постапување да имаме разрешница. Ова не се случаи практично применливи за сите. Кога има вакви слуачи има и законски мерки кои можат да се преземат. Вднаш ќе го доставиме денешниот записник до министерот за веднаш да биде активирано“, рече Мехмедовиќ.

    Претседателот на Комисијата д-р Александар Петличковски, изрази надеж дека индивидуалната совест кај лицето ќе проработи и дека можеби утре ќе се јави на тестирање.

    „Ние немаме законска можност да го присилиме да се тестира, никаде во светот тоа не се прави за оваа болест. Ова не е болест со која следи задолжителна изолација. Таа е во вид на препорака и се надеваме дека ќе проработи совеста. Имаме некој начелен договор и се надеваме дека ќе заврши тестирањето и до крајот на неделата ќе имаме резултат“, рече Петличковски.

    Лицето се јавило на матичен доктор завчера, веднаш била остварена комуникација со лекари од Инфективната клиника во Скопје и му било понудено тестирање. Не го прифатил тестирањето, не се појавил на Инфективната клиника, по што биле известени епидемиолошките служби од Битола и тие реагирале веднаш. Епидемиологот од Битола бил два пати во местото на живеење на пациентот, раговарано е со членовите од неговото семејство, но не е воспоставена комуникација со него. Нема дополнителни мерки за останатите членови од семејството ако нема симптоми.

    Другото суспектно лице, мигрант од Сирија кој бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје по вчерашната сообраќајка кај Марвинци, е негативен на мајмунски сипаници. Па, со тоа прекинаа и епидемиолошките анкети кои надлежните служби ги правеа со останатите патници со кои лицето се возело пред да се случи сообраќајната несреќа на регионалниот пат Гевгелија-Демир Капија.

    „Ова не е нов ковид, нема апсолутно место за паника бидејќи не очекуваме драматичен развој и сериозно ширење на оваа нова болест. Не се работи за болест која лесно се пренесува. Има простор и за тестирање и за изолирање, лоцирање на контактите. Бидете безбедни. За пренесување е потребен близок контакт или интензивен контакт во затворен простор, не толку близок“, рече Петличковски.

    Ако некој има симптоми треба да се пријави на матичен лекар, а потоа со комбе на брза помош ќе биде пренесено на Инфективна клиника во Скопје. Обезбедени се 3.300 тестови за мајмунски сипаници.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира