ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ БАРА ИТЕН И ВОНРЕДЕН НАДЗОР ОД ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ЗА БОЛЕДУВАЊЕТО НА ОБВИНЕТИОТ ТРАЈКОВСКИ КОЈ БЕШЕ КАЈ ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТА

    ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ БАРА ИТЕН И ВОНРЕДЕН НАДЗОР ОД ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ЗА БОЛЕДУВАЊЕТО НА ОБВИНЕТИОТ ТРАЈКОВСКИ КОЈ БЕШЕ КАЈ ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТА„При надзорот имаше недследности во поглед на дијагнозата, односно од онаа со кое е отворено боледувањето, упатната дијагноза кај специјалистот и онаа што беше презентирана во јавноста. Затоа Инспекторатот иницираше Лекарската комора да направи итен и вонреден стручен надзор околу оправданоста на боледувањето и околу дијагнозата која беше изнесена во јавноста“, вели директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова за случајот со обвинетиот Александар Трајковски. (Фото: СДК.МК)

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат побарал итен и вонреден стручен надзор од комисија од Лекарската комора за оправданоста на боледувањето и утврдување на дијагнозата на царинскиот службеник Александар Трајковски, кој на 11 декември беше фотографиран со осудениот и избеган експремиер Никола Груевски во Будимпешта.

    Директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова вели дека по барање на Фондот за здравствено осигурување направиле вонреден инспекциски надзор кај матичниот лекар на Трајковски, кој му отворил боледување, а по неколку дена направиле вонреден надзор и кас специјалистот кај кој бил препратен. Таа објаснува дека при увидот во документацијата не се најдени посериозни забелешки во административниот дел на издавање на боледувањето.

    „Но, при надзорот имаше недоследности во поглед на дијагнозата, односно од онаа со кое е отворено боледувањето, упатната дијагноза кај специјалистот и онаа што беше презентирана во јавноста. Затоа Инспекторатот иницираше Лекарската комора да направи итен и вонреден стручен надзор околу оправданоста на боледувањето и околу дијагнозата која беше изнесена во јавноста“, вели Бухова.

    За боледувањето на Трајковски сопствена истрага на 18 декември отвори и Царинската управа, која претходно кажа дека на петти овој месец нивниот службеник го информирал раководителот дека е на боледување.

    Трајковски, кој е обвинет во предмет на СЈО за насилство и шамари во Центар, на судењето на 17 декември кажа дека во Будимпешта бил на преглед на синусите. Во овој случај покрај Трајковски обвинети се и Груевски, Миле Јанакиески и Даниела Рангелова.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира