ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОКАЧУВАЊЕ СО МАРТОВСКАТА ПЛАТА

    ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОКАЧУВАЊЕ СО МАРТОВСКАТА ПЛАТАСиндикатите од здравство денеска протестираа пред Министерството за здравство, а неколку часа пред најавениот протест беа на средба во Министерството. (Фото: К. Попов)

    Вработените во здравството ќе имаат бруто покачување со мартовската плата, изјави Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на Клинички центар по денешниот состанок со заменик-министерката за здравство Маја Манолева.

    Синдикатите од здравството денеска протестираа пред Министерството за здравство, а неколку часа пред најавениот протест беа на средба во Министерството.

    „Се договоривме. По три илјади денари за сите сестри и по две илјади денари за сите останати од помошно-технички персонал, администрација, доктори, сите вработени во здравството да имаат бруто покачување со мартовската плата“, изјави Серафимовски.

    Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски рече дека со притисок се успеало да се дојде до изнудување на потпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност. Тој кажа дека со неговото непотпишување ќе се доведеле во ситуација 11 илјади вработени во здравството да бидат изедначени со минималната плата.

    „Очекуваме дека денешниот договор во најкраток период, во тек на наредната недела, ќе биде и официјализиран со потпишување“, рече Каранфиловски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира