ЖАЛ МИ Е АКО СУМ ПОВРЕДИЛА ЧУВСТВА, СЕ ДООБЈАСНУВА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ПО ИЗЈАВАТА ДЕКА УМЕТНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ТВОРАТ „ВО ДУХОТ КОН ТОА ШТО ЌЕ ГО РАСПОЛОЖИ НАРОДОТ И ПУБЛИКАТА“ ЗА ДА НЕМА ГОВОР НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА

    ЖАЛ МИ Е АКО СУМ ПОВРЕДИЛА ЧУВСТВА, СЕ ДООБЈАСНУВА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ПО ИЗЈАВАТА ДЕКА УМЕТНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ТВОРАТ „ВО ДУХОТ КОН ТОА ШТО ЌЕ ГО РАСПОЛОЖИ НАРОДОТ И ПУБЛИКАТА“ ЗА ДА НЕМА ГОВОР НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈАКако министерка, сè додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура, вели Костадиновска-Стојчевска. (Фото: МК)

    Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во соопштение на официјалната фејсбук страна вели дека чувствува обврска да објасни неколку аспекти на нејзината изјава во прилогот на Гласот на Америка на македонски за тоа дали ставката за спречување говор на омраза во билатералниот Протокол со Бугарија ќе значи и цензура на творештвото, што е објавен денеска. Прилогот е под наслов „Ќе создаде ли Протоколот со Бугарија автоцензура кај македонскиот автор?“.

    „Цензурата е одлик на минати општества или минати власти и неа не ѝ е местото во 21 век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме! Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите ‘Слободно нека творат!’. Како министерка, сè додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања. Доколку изјавата која денес е цел на ‘слободни’ толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување. И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми“, соопшти министерката Костадиновска-Стојчевска.

    Во изјавата за Глас на Америка за која министерката вели дека е „денес е цел на ‘слободни’ толкувања“, Костадиновска-Стојчевска го кажа следново:

    „Министерството за култура нема да ја има улогата на полицаец и да демне кој што ќе направи. Слободата на уметникот е голема и тој има право да се изрази и никој нема право тоа да го ограничи во ниту еден момент. Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро. Секој филм којшто ќе ја промовира македонската култура, којшто ќе го помовира македонскиот индивидуалитет какви сме ние како Македонци би требало да има поддршка. Но сепак, мора да бидеме свесни дека мора да одиме напред, мора да се ослободиме и дека историјата не смее повеќе нам да ни биде затвор, треба да ни биде лекција“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира