Доста е со политика и политиканство, време е да ги засукаме ракавите за работа, рече премиерот Зоран Заев на денешната трибина за економските просперитети на земјава во Велес.
Тој најави дека од први јули ќе стартува враќање на ДДВ во висина од 15 отсто за граѓаните. Смета дека тоа ќе се укинела даночната евазија, а граѓаните ќе имаат мотив да бараат фискални сметки и да пазарат во продавници каде што ги добиваат.
„Повеќе место за изговор нема, Македонија има капацитет. Веруваме дека ќе ја биде државата ако народот има пари. Народот е економски немоќен и бара излез за достоинствен живот. Железни опицни ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има“, рече Заев.
Вицепремиерот за економски прашање Кочо Анѓушев кажа дека Македонија станала почитувана и посакувана земја за инвестиции и мора да се искористи овој период.
„Откако Грција го ратификуваше Договорот од Преспа, четири инвеститори вчера веднаш ги потврдија нивните инвестиции во земјава. Македонија беше ѕвезда во Давос. Не постоеше врата каде тропнавме а не се отвори. Финансиски институции не прашуваа дали, туку колку ви треба за да правите држава. Ние на странските инвеститори не им ветуваме дојдете имаме евтина работна рака, напротив им ветуваме стручни образовани лица“, рече Анѓушев на трибината со граѓаните.
П. ПЕЧКОВ.